По повод Светскиот ден на книгата, учениците од 6 одделение реализираа креативна и инспиративна активност посветена на љубовта кон читањето. Преку читање, дискусија и изработка на пораки и илустрации, тие ја истакнаа важноста на книгата како извор на знаење и фантазија.
Учениците покажаа дека книгата не е само училишна обврска, туку вистинско богатство што ги отвора вратите кон нови светови и идеи. 

Да продолжиме да ја негуваме љубовта кон читањето – затоа што секоја книга носи нова приказна и нова лекција!



