22 Март- Светски ден на водите
Кој и да сте, каде и да сте, водата е ваше човечко право и „НЕ ОСТАВАЈТЕ НИКОГО ПОЗАДИ СЕБЕ“ се главните пораки на Светскиот ден на вода та. Водата е скапоцена затоа што без неа нема да постои живот. И покрај тоа што изгледа дека на планетата Земја вода има во изобилство, факт е дека само помалку од 1% од водата на земјата е употреблива за пиење.Водата е извор на животот и без неа не би можеле да функционираме. Дознајте неколку интересни факти за таа течноста што зрачи живот.
1. Човекот без вода може да издржи пет до седум дена. За споредба, без јадење можеме да живееме околу шест недели.
2. Австралиската коала може да живее без вода, течност внесува јадејќи лисја од еукалиптус.
3. Иако територијата на планетата Земја е 70% покриена со вода, од таа вода може да се пие само еден процент.
4. Истражувањата покажале дека топлата вода може побргу да се замрзне отколку студената. Но, не постои прецизен одговор зошто е тоа така. Можно е разликата да е во тоа дека топлата вода повторно се лади, испарува, формира мраз или пак причината е во разредените гасови на топлата и ладната вода.
5. Во текот на замрзнување водата ке доживее неверојатни трансформации. На температура од минус 120 степени станува растеглива, а на температура од минус 135 степени се претвора во т.н. “Стаклена” вода. “Стаклената” вода е цврста материја во која нема кристална структура како во стаклото.
6. Сите животни и растенија се состојат од вода: риби од 75% вода, медузи од 99%, компирот од 76%, доматот од 90%, краставици од 95%, телото на штотуку роденото бебе од 75%, а 60% вода во телото на возрасниот човек.
7. Водата е одлична за витка линија: ако ги избегнуваме засладените пијалоци и наместо нив пиеме вода, во енда година ке изгубиме дури 3 килограми без било каква диета.
8. Дури 85 проценти од болестите во светот се пренесуваат преку вода.
9. Ако не пиеш доволно вода, твоето тело ја црпе од кожата која брзо старее – затоа редновно пиј вода! Се препорачува барем осум чаши вода на ден.
10. Резервите на слатка вода на нашата планета не се рамномерно распоредени. Азија ги има најмногу, а Австралија најмалку.