21 Март-Ден на пролетта-Денови на екологијата.
Низ разговор и работилница учениците се запознаа со поимот екологија, зошто треба да штедат вода/енергија, како да ја одржуваат животната средина чиста и како сето тоа се одразува на живите организми и планетата Земја. Целта за реализација беше одбележување на денот од еко календарот, подигање на еко свеста кај учениците, да се запознаат со поимот екологија, стекнување на вештини за презентација и промовирање на еко активноста.