Учениците од ПОУ „Страшо Пинџур“, с. Дреново го одбележаа 21 Март – Ден на екологијата.
Активностите беа поделени меѓу учениците од прво до деветто одделение.
Учениците од одделенска настава проследија презентација поврзана со екологијата, разговараа за тоа како треба да се однесуваме со планетата Земја и како заклучок пишуваа пораки наменети за заштита на нашата планета, а учениците од предметна настава имаа еколошка акција со уредување на училишниот двор.