По повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, учениците од 8. и 9. одделение при ООУ „Страшо Пинџур“ – Кавадарци, под менторство на наставничката по македонски јазик Павлинка Костадинова, реализираа низа активности посветени на значењето и зачувувањето на македонскиот јазик.
Учениците подготвија литературни творби, истражуваа за богатството на дијалектите и народните изрази, а преку креативни презентации и дебати ја истакнаа важноста на јазикот како дел од културниот идентитет. Активностите беа заокружени со изложба на ученички постери и цитати од познати македонски писатели, поттикнувајќи свесност за зачувување и негување на мајчиниот јазик.