21 ФЕВРУАРИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК
Мајчиниот јазик е темел на нашиот идентитет, култура и традиција. Преку него ги чуваме нашата историја, мисли и вредности и ги пренесуваме на идните генерации.
Да го сакаме, почитуваме и негуваме македонскиот јазик, затоа што јазикот е душата на еден народ.
Нека овој ден нè потсети колку е важно да зборуваме правилно, да читаме повеќе и со гордост да го чуваме нашиот мајчин јазик.
