11 Oктомври – Ден на народното востание
11 Октомври е повеќе од државен празник, тој е и отелотворување на идеалот за слобода и правда.
„На овој ден се слави пожртвуваноста и решителноста на македонскиот народ за слобода и за создавање на самостојна и независна држава. Тој идеал нè води и денес во остварувањето на подобра сегашност за денешните и подобра иднина за наредните генерации.Во таа чест Ученичкиот парламент изработи реферат кој им беше прочитан на сите ученици.Директорката на училиштето како и сите вработени во ООУ,, Страшо Пинџур,, Кавадарци ви го честитаат денешниот празник.