Денес во ПОУ ,,Страшо Пинџур” с.Возарци се одбележа денот на шегата 1 Април.
Учениците од прво до петто одделение преку креативни и шарени костими се претставија како принцези, спортисти, доктори, наставници, зеленчуци и многу други весели ликови. Денот помина во одлична атмосфера, со многу шеги и насмевки, токму како што доликува на 1 Април – денот на шегата!





















