ООУ „Страшо Пинџур“ Кавадарци

Одделенска настава

Изработки

ДЕТСКАТА НЕДЕЛА

Активности во V б одд по повод ДЕТСКАТА НЕДЕЛА.
Права и одговорности според Детската конвенција во светот
Одбележување на недела на детето со учениците од IIа одделение

СВЕТСКИОТ ДЕН НА НАСТАВНИКОТ!

Професијата наставник, по некаква слободна дефиниција, е благородна професија, која го издигнува човекот на еден висок – хуман пиедестал, како личност со високи морални и интелектуални квалитети.
Наставникот е огледало на воспитно-образовниот процес и модел на позитивно делување над младата популација, која треба ја насочи правилно кон иднината во сите современи сфери и аспекти!
ВЕЧЕН ДА Е СВЕТСКИОТ ДЕН НА НАСТАВНИКОТ!

Честит 5 Октомври Ден на учителот

Честит 5 Октомври Ден на учителот📚📓📖
Со техника Мисловна мапа од јазична писменост користејќи придавки учениците од V б одд.од ООУ Страшо Пинџур Кавадарци го опишаа наставникот/ учителот, а потоа го нацртаа.
Браво деца!!!
Одд.наставник Билјана Јованчева

Ден на пролетта и екологијата

Денот на пролетта и екологијата учениците од прво до петто одд го одбележаа со изведба на рецитали, песнички и еколошки работилници

Нова Година

Најскапоцениот подарок е огромната љубов,завиткана со искреност,врзана со грижливост и запечатена со благослов,за да тe радува во текот на целата година.
Како што седум бои го исполнуваат волшебното виножито, така и детската среќа нека ја исполнат боите на љубовта, искреноста, грижливоста, довербата, здравјето, пријателството и задоволството. Среќна Нова година!“
Борис Спанџов од 3-б одделение
Прифатен е предизвик на Нула Отпад на тема “Батериите – можност или опасност”. Со ова јасно укажуваме дека нашите ученици се грижат за животната средина и здравјето на луѓето!
Ние научивме како треба со батериите и електронскиот отпад!
Од Наставничката Тодорка Каровска
За слатките првачиња и нивните вредни рачиња
по една диплома за време на корона
што седевте дома.
Не носевте ташни ама
ги направивте сите задачи домашни.
СОНЦЕНЦА МОИ
СРЕЌАТА ПОСТОЈАНО НЕКА ВИ ЦВЕТА.
БИДЕТЕ ВЕСЕЛИ И РАЗИГРАНИ
ОВА ЛЕТО ИАКО
ПАНДЕМИЈАТА НЕ ДОЗВОЛУВА
ДА СЕ ШЕТА!

Голема благодарност од дечињата на 1б одделение за преубавото видео на наставничките Славица Шемова и Љубица Димова..

Заврши уште една година, малку поразлична од другите но сепак исполнета со љубов,среќа,разбирање,почит..Среќен летен распуст мои драги ученици насмеани,искрени,полни со љубов и знаење.

НАШИТЕ НАСМЕВКИ завршија прво одделение на поинаков начин од сите досега. Ви посакуваме пријатен летен распуст. Ви благодариме за вашиот труд, за вашата љубов, за трпението, за исполнителноста, за реализираните активности во училиштето и во далечинското учење.
Ве сакаат вашите наставнички Тодорка Каровска и Милка Маневска
May be an image of 15 people, including Milka Manevska and Todorka Karovska

Ние не работиме за пофалби,за личен интерес…
Ние работиме и постоиме за оние без кои не можеме во овие тешки моменти-Нашите најмили,Нашите ученици.
Во продолжение на љубовта и исполнителноста на она што го работиме,Ви го прикажуваме најновиот online наставен час од Нашата никогаш не уморна колешка,мајка,другарка,
наставничката г-ѓа Тодорка Каровска.
Почитувана,една си од искрите во Нашето училиште,ти благодариме за начинот на кој го промовираш Нашиот втор дом.
Среќни,благодарни и секогаш горди ќе бидеме Ние,но и Вашите ученици.
Не застануваме,продолжуваме да ја градиме кулата која што со голем ентузијазам ја започнавме сите заедно !
Нашето училиште,расадник на прекрасни-пред се личности,интелектуалци,наставници кои што се полни со елан за својата работа…
Во време на вонредна состојба во Нашата татковина,кога се реализира наставата преку далечинско учење т.е.учење од дома,мотивот и желбата за образование на најмилите-Нашите ученици, не престана.
Нашата колешка Тодорка Каровска,полна со желба,со мотив за да напредуваат учениците,несебично како и секогаш реализира наставни содржини кои на сите ученици им се достапни.
Се гордееме со овој потег…
И благодариме на наставничката која што Не претстави во вистинско светло,за кое има уште многу да се зборува и докажува со дела…

Нашето училиште,расадник на прекрасни-пред се личности,интелектуалци,наставници кои што се полни со елан за својата работа… Во време на вонредна состојба во Нашата татковина,кога се реализира наставата преку далечинско учење т.е.учење од дома,мотивот и желбата за образование на најмилите-Нашите ученици, не престана. Нашата колешка Тодорка Каровска,полна со желба,со мотив за да напредуваат учениците,несебично како и секогаш реализира наставни содржини кои на сите ученици им се достапни. Се гордееме со овој потег… И благодариме на наставничката која што Не претстави во вистинско светло,за кое има уште многу да се зборува и докажува со дела…

“ОД ДЕЦАТА ЗА ДЕЦАТА”
е пораката која ја упатуваат учениците од llА одделение со наставничката Дијана Бојкова по повод Светскиот ден на на планетата Земја. Да ја чуваме нашата планета бидејќи резервна планета немаме.
Нека првото јајце биде чувар во нашиот дом!
Учениците од lla одделение и наставничката Дијана Бојкова го реализираа часот по ликовно образование-Фарбање велигденски јајца
ВАЖНО Е ДА СМЕ ЗАЕДНО ИАКО СМЕ ДОМА
Ликовно образование – Печат – “Цветна градина”….. изработена од цветчињата на Ia потпомогнато од мама, наставничката и директорката🌷🌻🍀🌹🥀👏👏👏

Час – наменет за едукација на децата за 3-ти Декември

Учениците од Iб одделение во дневниот престој го одбележаа Меѓународен ден на лицата со посебни потреби,,. Потреба од прифаќање, потреба од љубов, потреба од другарство, потреба од помош, потреба од еднаквост. Биди дете, биди другар, биди еднаков, биди поддршка и. Помош за поразличните од тебе🍀☀️

8 Ноември светски ден на урбана животна средина

Светскиот ден на животната средина е најзначајниот ден за поттикнување на глобалната свест за заштита на животната средина. Светскиот ден на животната средина има за цел да ги охрабри луѓето ширум светот да превземат чекори за заштита на животната средина и да водат грижа за планетата.
Во нашето училиште овој ден беше одбележан со Eко работилници со учениците од I до III oдделение

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК 11 ОКТОМВРИ

НЕДЕЛАТА НА ДЕТЕТО

НЕДЕЛАТА НА ДЕТЕТО
Децата се нашето најголемо богатство, нашата гордост, радост и нашата иднина. Сите деца имаат еднакви права и на сите треба да им се даде неопходната поддршка и овозможат еднакви можности.
Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет.
,,Минувајте го слободното време во дружење, спортување и учење, бидејќи моќта е во знаењето. Сакајте ги своите родители, сакајте го своето семејство и почитувајте ги најблиските. Само така, Вашите родители ќе бидат горди на Вас, а покрај нив и ние. Вие сте нашето најголемо богатство.

НЕДЕЛАТА НА ДЕТЕТО

НЕДЕЛАТА НА ДЕТЕТО
Децата се нашето најголемо богатство, нашата гордост, радост и нашата иднина. Сите деца имаат еднакви права и на сите треба да им се даде неопходната поддршка и овозможат еднакви можности.
Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет.
,,Минувајте го слободното време во дружење, спортување и учење, бидејќи моќта е во знаењето. Сакајте ги своите родители, сакајте го своето семејство и почитувајте ги најблиските. Само така, Вашите родители ќе бидат горди на Вас, а покрај нив и ние. Вие сте нашето најголемо богатство.

Вулкан и вулкански карпи

Корелација на предмети, Природни науки (видови карпи) и Ликовно (моделирање)
Вредните рачиња на II а и II б, создадоа вулкани и научија како се создаваат вулкански карпи….
МАЛИ НАУЧНИЦИ, во училиштето Страшо Пинџур Кавадарци

Посета на музеј Кавадарци

Денес во Музеј-галерија имаше посета на ученици од ООУ,, Страшо Пинџур“ Кавадарци од IIIa и IIIб. На учениците им беа презентирани фотографии од старо Кавадарци и воедно ја посетија тековната изложба “ Џоломарската игра во селата Ресава и Бегниште“.

Новогодишна забава

Наставничките од второ одделение во соработка со родителите, подготвија Новогодишни забави во училниците и со смеа и песна ја испратија старата година, за да ја пречекаат Новата Година

 

Приредба Iа одделение

Учениците од прво а одд.заедно со своите наставнички Милка Маневска и Тодорка Каровска со песна,игра и многу изненадувања ја испратија старата година. Ова е дел од новогодишната бајка

Приредба по повод новогодишните и божиќните празници

Учениците од IIIa одделение со нивните наставнички Роза Кујунџиева и Звезда Настова по повод Новогодишните и божиќните празници подготвија скромна приредба

Новогодишна работилница IIIa

Во пресрет на Новогодишните и Бoжиќните празници,вредните раце,мотивираноста и ентузијазмот на нашите најмили-учениците од IIIa одделение,родителите и наставничките Роза Кујунџиева и Звезда Настова во заеднички изработки го украсија Нашиот втор дом-Нашето училиште.Со новото осветлување во Централното училиште и со новиот училишен инвентар за I и II одделение,подготвени сме за дочек на најубавите и највеселите празници…Секојдневно идеите се прошируваат и веќе се реализираат Новогодишни приредби…

Новогодишна работилница IIIб

Во пресрет на Новогодишните и Бoжиќните празници,вредните раце,мотивираноста и ентузијазмот на нашите најмили-учениците од IIIb одделение,родителите и наставничките Билјана Јованчева и Надица Јованов во заеднички изработки го украсија Нашиот втор дом-Нашето училиште.Со новото осветлување во Централното училиште и со новиот училишен инвентар за I и II одделение,подготвени сме за дочек на најубавите и највеселите празници…Секојдневно идеите се прошируваат и веќе се реализираат Новогодишни приредби…

Новогодишна работилница IIа и IIб

Во пресрет на Новогодишните и Бoжиќните празници,вредните раце,мотивираноста и ентузијазмот на нашите најмили-учениците од IIa и IIб одделение,родителите и наставничките Софија Јосифова, Силвана Лазова и Павлинка Дамјановска, Дијана Бојкова во заеднички изработки го украсија Нашиот втор дом-Нашето училиште.Со новото осветлување во Централното училиште и со новиот училишен инвентар за I и II одделение,подготвени сме за дочек на најубавите и највеселите празници…Секојдневно идеите се прошируваат и веќе се реализираат Новогодишни приредби…

Новагодишна работилница во III – б

Новагодишна работилница во III – б одделение
Корелација на часовите и работа во групи по англиски ј, природни науки и ликовно образование со учество на родители.
Украсување на новогодишната елка, изработка на икебани,венци, снешковци,боење на новогодишни мотиви.
Вредни ученици, креативни родители. Се на се успешен ден во нашата училница

Безбедно доаѓање

Денес нашите најмали,нашите првачиња беа посетени од претставниците на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот заедно со претставници на советот од Скопје. Безбедното учество на децата во сообраќајот беше темата која им се презентира на учениците и за истите беа поделени флуоресцентен елек и сликовници . Голема благодарност до нив.

Саем на книгата

Во текот на вчерашниот ден од учениците од прво одделение беше посетен и саемот на книгата

Вонучилишни активности

Учениците од прво одделение го посетија саемот за Вонучилишни активности

Фудбал во училиштата

Во ООУ СТРАШО ПИНЏУР се одиграа натпреварите од проектот,, Фудбал во училиштата” за 4-5 одд. Постигнати се следните резултати:
ГФК ТИКВЕШ-СУПЕР СТАР 4-3 , АРГЕНТИНА-ТИГРИ 0-0

Градба и функција на оралната празнина

На 21 октомври со учениците од прво одделение се одржа работилница од страна на стоматолог на тема,,Градба и функција на оралната празнина”

Градба и функција на оралната празнина

На ден 22.10.2019 година со учениците од IV одделение се реализира работилница со стоматолог на тема “Градба и функција на оралната празнина”.

Снежана и 7-те џуџиња

Денес 22.10.2019 учениците од I до IV одделение ја проследија театарската претстава Снежана и 7те џуџиња која беше проследена со голем интерес.

Плакат за Тоше Проески

Плакат од III б одделение изработен за спомен на Тоше Проески, нашата поп-икона, пејач кој го сакавме сите. Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ, хуманист со ангелски глас. Затоа денес се потсетуваме на неговиот лик и дело

Фудбал во училиштата

Денес учениците од ООУ Страшо Пинџур од Кавадарци се одржаа натпревари во фудбал во рамките на проектот Фудбал во училиште поддржан од ФФМ и ФУСМ

IV ОДДЕЛЕНИЕ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНАТА

На 12.04.2016 година учениците од IV одделение од нашето училиште извршија посета на зградата на Локалната самоуправа. Беа примени од страна на Претседателот на Советот на општина Кавадарци – Горица Пеливанова која им ја презентираше работата на Градоначалникот и Советот на општината и истовремено им одговори на многуте прашања на учениците. Се посети работниот кабинет на Градоначалникот Александар Панов а потоа и големата сала на општината каде се одржуваат седниците на Советот. Оваа посета беше реализирана согласно проектот за „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ – во соработка со родители.

Соработка со родител – V-a одделение

Во соработка со родителот Даниела Кочова, одделенскиот наставник Катица Ставрова и учениците од V-a одделение беше реализиран час по математика за постигнување на предвидените цели за транслација, согласно планирањата. Благодарност до родителот за одвоеното време и правилното насочување на учениците.

Екскурзија во Скопје со учениците од III одделение

На ден 08.04.2016 година, учениците од III одделение реализираа еднодневна екскурзија во Скопје. Притоа беа посетени:
-Детскиот едукативен центар УСАИД (Според препораките на проектот „Со читање до лидерство“);
-Зоолошката градина во Скопје и
-Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје
Со ова се овозможи постигнување на поставените цели содржани во наставниот план за ексурзии а истовремено се одговори на препораките за зајакнување на проектот „Со читање до лидерство“.

Пролетно украсување во соработка со родители

Работилницата на тема „Пролетно украсување на училницата“ се реализира во соработка со родителите Весна Трајкова и Мирјана Несторова, под раководство на наставничката Даниела Кочова. Во истата учествуваа и ученици од VI-б одделение.

Работилница во II-а одделение

Денеска учениците од II-а одделение, заедно со своите мајки имаа работилница на која изработија прекрасни изработки со кои ја украсија училницата.Благодарност до вредните мајки.

Наставен ден во с.Дреново меѓу учениците од IV одделение

Денес, 25.02.2016 година, се реализира наставен ден меѓу учениците од IV-a одделение од ООУ„Страшо Пинџур“- Кавадарци и учениците од IVодделение од ПОУ„Страшо Пинџур“ с.Дреново“. Се реализираа наставните содржини предвидени според планирањата за IV одделение. 
Учениците имаа можност за реализација на часот по техничко образование да проследат презентација за „Набљудување на крстосница“ со цел проширување на нивните знаења за сообраќајните правила и сообраќајната култура. 
Преку примена на математика со размислување – стратегии „Функционална машина“ и „Вртелешка“ се постигнаа целите за часот по математика, со што се поттикна натпреварувачкиот дух кај учениците. 
Заедничкото дружење продолжи со спортски активности – фудбал и вртење на обрачи. 
Голема благодарност за несебичниот прием на раководителот и вработените во ПОУ„Страшо Пинџур“ с. Дреново кои овозможија да се реализираат овие активности точно онака како што беа предвидени!

Проект за Меѓуетничка интеграција во образование – трета фаза

По повод презентација на примери на добра пракса на најуспешни училишта кои го имплементираат и реализираат Проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието, во Македонската кинотека – Скопје се одржа настан на кој беа претставници на нашето училиште, како едно од најуспешните училишта на ова поле.

Соработка меѓу активи

Денес учениците од I -a и V -б одделение имаа можност да изведуваат заедничка настава по предметите – математика, македонски јазик, музичко образование и ликовно образование. Со ова се придонесува поттикнување на другарството и соживотот пред се, а истовремено се овозможува размена на методите и техниките на работа меѓу наставниците.

Македонски јазик I-б одделение

По содржинската обработка и анализа на текстот „Во зеленчукова градина“ се реализира негова драматизација од страна на учениците, како и изработка на зеленчукови и овошни плодови од пластелин.

Соработка со родител I-а одделение

Во соработка со родителот Весна Коцева, наставник по македонски јазик, учениците од I-а одделение имаа можност преку театарска претстава да ја обработат содржината на текстот „Во зеленчукова градина“. 
Соработката со родителите продолжува бидејќи е во интерес на нашите најмили!

Посета на Црвен крст

Во рамките на Недела на детето, учениците од I одделение извршиjа посета и се запознаа со работата на Црвен крст.

Посета на Стопанска банка

Во рамките на детската недела, учениците од I одделение извршија посета на институција – Стопанска банка, Кавадарци. Беа срдечно пречекани од страна на сите вработени и им беше овозможено да се запознаат со просториите, работата на вработените, македонската валута, како и видовите на детско штедење.

III-б одделение (Работа со компјутери и математика)

Први часови -Работа со компјутери-Што е хардвер и софтвер?
Кембриџ-III -одд-Поставуваме трицифрени броеви на бројна низа до 1000.

Активности во III-a одделение:„Мојот град и мојата татковина празнуваат“

Работилница на тема „Мојот град и мојата татковина празнуваат“ реализирана во продолжен престој со одделенскиот наставник Ѕвезда Настова. Учениците преку изработка на симболите на градот Кавадарци и Република Македонија направија ретроспектива на значењето на празниците 7-ми Септември и 8-ми Септември.

Активности во I-б и I-а одделение (македонски јазик)

ВО КОРЕЛАЦИЈА СО НАСТАВНАТА СОДРЖИНА ПО ПРЕДМЕТОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК „ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ПРОСТОРИИТЕ И ВРАБОТНИТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО“ УЧЕНИЦИТЕ ОД I-Б ОДДЕЛЕНИЕ СО ОДДЕЛЕНСКИОТ НАСТАВНИК СТЕФКА САЗДОВСКА СЕ ЗАПОЗНАА СО ПРОСТОРИИТЕ ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ И ОСТВАРИЈА СРЕДБА СО ВРАБОТЕНИТЕ ВО ИСТОТО. ИСТОВРЕМЕНО ИМАА МОЖНОСТ ДА РАЗМЕНАТ ИСКУСТВА И ДОБИЈАТ СОВЕТИ ОД УЧЕНИЦИТЕ ОД IV-А ОДДЕЛЕНИЕ

 

I-a и I-б одделение–Запознавање со вработените во училиштето

УЧЕНИЦИТЕ ОД I-A ОДДЕЛЕНИЕ ПОД РАКОВОДСТВО НА ОДДЕЛЕНСКИОТ НАСТАВНИК ЕЛЕНА СОКОЛОВА ГИ ЗАПОЗНА УЧЕНИЦИТЕ СО ВРАБОТЕНИТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО. НА ОВИЕ СРЕДБИ УЧЕНИЦИТЕ ИМАА МОЖНОСТ ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО РАБОТАТА НА ДИРЕКТОРКАТА НА УЧИЛИШТЕТО, СТРУЧНАТА СЛУЖБА, АДМИНИСТРАТИВНИОТ КАДАР И ТЕХНИЧКИОТ ПЕРСОНАЛ КАКО И ДА ИЗВРШАТ ПОСЕТА ВО ПАРАЛЕЛКА ПО ИЗБОР НА НАСТАВНИКОТ (III-А ОДДЕЛЕНИЕ).

Што е тоа пинг-понг?

БЛАЖО ОРДАНОСКИ ТРЕНЕР ПО ПИНГ-ПОНГ, ДЕНЕС ВО ПРОСТОРИИТЕ НА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ ГИ ЗАПОЗНА УЧЕНИЦИТЕ ОД I ДО III ОДДЕЛЕНИЕ СО СПЕЦИФИКИТЕ И ЗНАЧЕЊЕТО НА СПОРТОТ (ПИНГ-ПОНГ).

 

Проверка на постигањата на учениците од страна на педагогот

Во нашето училиште се спроведе проверка на постигањата на учениците од II одделение по предметот математика во рамки на целите -Собира броеви до 100. Проверката беше спроведена од страна на педагогот на училиштето.

ELTAM-училишен натпревар по Англиски јазик

На ден 24.03.2015 година за учениците од V одделение, се спроведе училишен натпревар по англиски јазик. Ментор на учениците е наставникот Миланка Радојевиќ Кузева. Им честитаме на учениците за постигнатиот успех!

 

 

Одбележување на Неделата на хигиенизација

Црвениот крст на град Кавадарци и оваа година ја одбележува Неделата на хигиенизација во период о 08 -14 Април.Годинешното мото во одбележување на неделата на хигиенизација е „Хигиената е половина здравје„. 
Во рамките на програмата „Грижа за здравјето на учениците денеска во нашето училиште се одржа предавање од страна на др.Тони Јованов.Предавањето со голем интерес го следеа најмалите -првачињата.

III одделение ФЗО

Трчање на одредено растојание (800m-1000m) -временски интервал.
Содржина реализирана од страна на наставникот по ФЗО Милан Колев

Посета на с.Дреново I-б одделение

Учениците од I-б одделение го посетија село Дреново. Имаа можност да се запознаат со природните убавини, работата и начинот на живеење на луѓето во селото,домашните животни,а највозбудливо беше качувањето намагаре. Во рамките на посетата а во корелација со денешниот Ден на планетата Земја – се поведе разговор за тоа каде се води поздрав живот- в град или в село и зошто?
Со ова се поттикна еколошката свест. Се укажа на негативното влијание врз здравјето на луѓето, доколку природата не се чува.

Соработка со стоматолог – III одделение

За реализација на наставата по природни науки и постигање на целта – Знам како правилно да ги измијам забите, стручна помош и соработка се оствари со Др. Сарита Кадрова, стоматолог и сопственик на ПЗУ „Ал-дент“ Кавадарци. Преку презентација за забите, оралната хигиена и техниката на миење на забите учениците се стекнаа со нови знаења и изработија упатства за правилно миење на забите. Голема благодарност до Др. Сарита Кадрова за несебичното споделување на информациите кои им беа потребни на учениците.

Родителот Ѓорѓи Станоев во улога на наставник

Во II Б одд.се реализира активноста Родител во улога на наставник од проектот за заедничка грижа за учениците од Мон.Денешен гостин ни беше родителот Ѓорѓи Станоев татко на Димитар Станоев од II Б одд.Родителот е професионален саксофонист вработен во воениот оркестар на АРМ во Скопје.Тој ги запозна учениците со дувачки инструменти саксофон,флејта,блок флејта дирекно и непосредно .Ни појасна за музичката писменост,тактирањето ,ритамот и хармонијата.Часот беше интересен за учениците,а сите бевме задоволни од заедничката соработка.

Светски ден на пешаците

ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПЕШАЦИТЕ, 15-ТИ ОКТОМВРИ, ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ СЕ РЕАЛИЗИРА АКТИВНОСТ ВО СОРАБОТКА СО ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА ПРИ ПС КАВАДАРЦИ НА КОЈА ПРИСУСТВУВАШЕ Г-ДИНОТ ДИМЕ КРСТЕВ. ПРЕКУ ИСТАТА УЧЕНИЦИТЕ ИМАА МОЖНОСТ ДА ЈА ПОКАЖАТ СВОЈАТА СООБРАЌАЈНА КУЛТУРА, ПОЧИТУВАЈЌИ ГИ ПРАВИЛАТА ВО СООБРАЌАЈОТ ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ПЕШАЦИ И ВЕЛОСИПЕДИСТИ. УЧЕНИЦИТЕ ИМПРОВИЗИРАА ДВИЖЕЊЕ ПО УЛИЦА, ПРЕМИНУВАЊЕ НА ИСТАТА НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИН, КАКО И ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРВЕНСТВОТО НА МИНУВАЊЕ НА ПЕШАЦИТЕ ВО ОДНОС НА ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ. АКТИВНО УЧЕСТВО НА ОВАА АКТИВНОСТ ЗЕМАА СИТЕ УЧЕНИЦИ ОД ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА.

 

Прием во Детска организација

ПО ПОВОД ПРИЕМОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ДЕТСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ВО ПРОСТОРИИТЕ НА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ СЕ ОДРЖА СВЕЧЕНОСТ ПРОСЛЕДЕНА СО ОБРАЌАЊЕ НА ДИРЕКТОРОТ НА УЧИЛИШТЕТО Г-ЃА ВАСКА ЈОВАНОВСКА КАКО И СО ПРИРЕДБА ПОДГОТВЕНА ОД УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСТАНАТИТЕ ОДДЕЛЕНИЈА! ЧЕСТИТО ПРВАЧИЊА!

УЧЕНИЦИТЕ ОД ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ИМАА ЧЕСТ И МОЖНОСТ ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СООБРАЌАЈНИТЕ ПРАВИЛА И ПРОПИСИ А И САМИТЕ ДА УЧЕСТВУВААТ ВО ДИСКУСИЈАТА СО ПРЕТСТАВНИКОТ ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА- KАВАДАРЦИ ГОСПОДИНОТ ДИМЕ КРСТЕВ

Истражувачка активност Vа одделение

Учениците од V-а одделение реализираа истражувачка активност со примена на разни извори (ИКТ, енциклопедии, учебници, статии) коja се реализира со поделба на задолжениjaта во групи:
1. Кралот Пердика
2. Филип II Македонски
3. Александар III Македонски

Активности во III-а одделение

Учениците Ви презентираат мал дел од нивните активности.

Македонија без отпад 2013

НА ДЕН 04.09.2013 И 05.09.2013 ГОД. ВО ООУ СТРАШО ПИНЏУР КАВАДАРЦИ БЕШЕ РЕАЛИЗИРАН ЕКО ПРОЕКТ МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД 2013. ОВОЈ ПРОЕКТ Е ИМПЛЕМЕНТИРАН ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И АСОЦИЈАЦИЈА НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ АЈДЕ МАКЕДОНИЈА ПОДДРЖАН ОД МОН. КООРДИНАТОР НА ПРОЕКТОТ БЕШЕ НАСТАВНИЧКАТА СТЕФКА САЗДОВСКА. ВО ПРОЕКТОТ БЕА ВКЛУЧЕНИ СИТЕ УЧЕНИЦИ ОД ПРВО ДО ОСМО ОДД.  СО ПОВЕЌЕ АКТИВНОСТИ: УЧЕНИЦИТЕ ОД ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА БЕА ВКЛУЧЕНИ ВО РАБОТИЛНИЦИ ИЗРАБОТКА НА ЕКСПОНАТИ СО РЕУПОТРЕБА НА ОТПАДОТ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ ОД НАЈЛОН И ХАРТИЈА И ПРЕТСТАВУВАЊЕ СО ИСТИТЕ НА МОПДНА РЕВИЈА, СОБИРАЊЕ ОТПАД НА КЕЈОТ НА РЕКАТА ЛУДА МАРА, ГРАДСКИ ПАРК И БРЕГОТ НА ТИКВЕШКОТО ЕЗЕРО.

Гроздобер 2013

И ОВАА ГОДИНА НАШИТЕ УЧЕНИЦИ ЗЕДОА УЧЕСТВО ВО ТИКВЕШКИОТ ГРОЗДОБЕР-ДЕТСКИОТ КАРНЕВАЛ И ИЗНУДИЈА НАЈГОЛЕМ АПЛАУЗ ОД ПРИСУТНИТЕ ГОСТИ…

Прв училишен ден

ДРУГАРЧИЊАТА ОД ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА НИЗ ИГРА И ПЕСНА ГИ ПРЕЧЕКАА НОВИТЕ ПРВАЧИЊА…

Детска недела

ИМАМ ПРАВО КРЕАТИВНОСТА ДА ЈА ИСКАЖАМ ПРЕКУ МОИТЕ ИЗРАБОТКИ-ДЕТСКА НЕДЕЛА

АКТИВНОСТИ  ПО ПОВОД ПРИЕМОТ ВО ДЕcСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА

Трето одделение

НИЕ СМЕ ТРЕТООДЕЛЕНЦИ ВО ООУ„СТРАШО ПИНЏУР” И ОВА СЕ НАШИТЕ АКТИВНОСТИ ВО УЧЕБНАТА 2011/2012 ГОД.

Новогодишна работилница Iб одделение

Во пресрет на Новогодишните и Бoжиќните празници,вредните раце,мотивираноста и ентузијазмот на нашите најмили-учениците од Iб одделение,родителите и наставничките Славица Шемова и Љубица Димова во заеднички изработки го украсија Нашиот втор дом-Нашето училиште.Со новото осветлување во Централното училиште и со новиот училишен инвентар за I и II одделение,подготвени сме за дочек на најубавите и највеселите празници…Секојдневно идеите се прошируваат и веќе се реализираат Новогодишни приредби…

Светски ден на детето

На ден 20.11.2019 година се одбележа светскиот ден на детето со учениците од продолжен престој

11 Октомври- Ден на народното востание

По повод празникот 11 Октомври- Ден на народното востание учениците од продолжниот престој положија цвеке на спомениците на паднатите борци и одиграа свои музички точки. За многу години празникот

Галерија Дневен престој

Со цел да Ви доловиме дел од активностите во Дневниот престој, Ви приложуваме фотографии на дел од нив. Ќе погледнете фотографии од учеството на  нашите ученици на Тиквешкиот Ггоздобер, активностите за 8-ми Март и Велигденскиот пазар, посетата на нашите ученици во Пожарната станица и Винарската визба Тиквеш, Приредбата за Нова година, дел од слободните игри и активности… Уживајте!

ученици

број на паралелки

наставници

година на основање

Информации за контакт

Локација: ул: ,, Димката Ангелов Габерот“ бр. 3  Кавадарци

Телефон: 043 / 410 –958

Email: strasop@hotmail.com