ООУ „Страшо Пинџур“ Кавадарци
Меѓуетничка интеграција на младите во образованието - МИОЗаедничките МИО активности помеѓу двете училишта ООУ „Страшо Пинџур“ од Кавадарци и „Наим Фрашери“ од с.Неготино, Општина Врапчиште.
Заедничките МИО активности помеѓу двете училишта ООУ „Страшо Пинџур“ од Кавадарци и „Наим Фрашери“ од с.Неготино, Општина Врапчиште.
Остварување соработка со партнер училиште за реализација на проектот за Меѓуетничка интеграција на младите во образованието
На 27.09.2019 година, петок беше остварена првата средба со новото партнер училиште, ,,Наим Фрашери” од с. Неготино, Општина Врапчише. На оваа средба директорите на двете училишта го потпишаа меморандумот за новатата соработка во иднина, со цел градење на подобар соживот, стекнување на нови пријателства, надминување на етничките разлики меѓу учениците и зајакнување на мултикултурниот дух преку реализација на заеднички активности. Оваа прва средба меѓу двете партнер училишта нека биде почеток на една добра, плодна и успешна соработка!
Посета на ООУ,, Мустафа Кемал Ататурк,, Гостивар
На ден 05.11.2015 година, четврток,ООУ „Страшо Пинџур“ – Кавадарци беше во посета на своето партнер училиште ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар, при што се реализираа втората и третата заедничка активност планирани со програмата во учебната 2014/2015 година како и оние активности кои влегуваат во програмата за оваа учебна година.Во активностите беа вклучени 34 ученици од македонска националност и 3 наставници, како и 34 ученици од турска националност и 3 наставници и тоа:
– Заеднички настап на хоровите со изведба на една македонска и две турски песни;
-Спортски игри (во мешан состав) фудбал и кошарка;
-Работилница по географија „ Вселената и Сончевиот систем“ и
-Реализација на заеднички излет на изворот на реката Вардар – Вруток
Соработката меѓу двете училишта продолжува успешно бидејќи целта не може да се оствари без двострана волја, упорност и труд за успех!
Втора фаза на активности од проектот МИО
На 09.04.2015 година во нашето училиште се реализира втора фаза на активности од проектот МИО со нашето партнер училиште од Гостивар „Мустафа Кемал Ататурк“ и ООМБУ„Лазо Мицев Рале“ од Кавадарци, во кои беа вклучени учениците од I до IX oдделение.
Заедничките активности кои се реализираа беа следниве:
1. Музичка активност од страна на наставниците од ООМБУ„Лазо Мицев Рале“-Кавадарци и учениците.
2. Спортска активност во која беа вклучени ученици од VI до IX одделение.
3. Велигденска работилница „Шарање велигденски јајца“ со учениците од III одделение и презентација на тема „Гостивар – убав град“
4. Велигденска работилница-Вапсање и шарање велигденски јајца
5. Православни обичаи по повод Велигден, како и следење презентација на тема „Запознавање со градот Гостивар, местоположба, знаменитости, култура, традиции, обичаи и култура“
Активностите ги поддржа и Локалната самоуправа на град Кавадарци а претставник кој беше присутен при реализација на истите беше Петседателот на Совет на општина Кавадарци – м-р Горица Пеливанова-Вилхелм. Во 14:30 во просториите на нашето училиште беше отворен велигденски базар на кој беа промовирани и продавани рачни изработки на наставниците, учениците и родителите. Воедно се одржа и коктел со богата трпеза подготвена од вештите раце на вредните родители на кој присуствуваа учениците, наставниците и родителите. Супервизија на активностите се изврши од страна на координаторот на проектот за МИО – Ана Пискачева со останати претставници на УСАИД која со високо мислење ја оцени успешно реализираната фаза од проектот. Со овие активности јасно се утврди моќта на детскиот говор, желбата за другарство и соживот. Денешниот ден во нашето училиште беше свет без граници! Да ги следиме примерите на децата – учениците! Ќе продолжиме со зацврстување на темелите кои ги поставивме а кои значат само едно – верба во концептот за мултикултурализам!
Ви благодариме на соработката!
Заедничките МИО активности помеѓу двете училишта ООУ „Страшо Пинџур“ од Кавадарци и „Наим Фрашери“ од с.Неготино, Општина Врапчиште.
Соработка со партнер училиштето,,Наим Фрашери,,с.Неготино,Општина Врапчиште
Со добивање на малиот грант,денеска,21.02.2020год. тимот за ПМИО од Нашето училиште во соработка со партнер училиштето,,Наим Фрашери,,с.Неготино,Општина Врапчиште,беше во работна средба.На истата беа дефинирани активностите кои ќе се реализираат на 18.03.2020год. во нашето училиште. Искуствата,знаењата,љубопитноста од вработените беа преточени во одлично продолжување на соработката.Им благодариме на колегите за добриот пречек…
Втора фаза на активности од проектот МИО
На 09.04.2015 година во нашето училиште се реализира втора фаза на активности од проектот МИО со нашето партнер училиште од Гостивар „Мустафа Кемал Ататурк“ и ООМБУ„Лазо Мицев Рале“ од Кавадарци, во кои беа вклучени учениците од I до IX oдделение.
Заедничките активности кои се реализираа беа следниве:
1. Музичка активност од страна на наставниците од ООМБУ„Лазо Мицев Рале“-Кавадарци и учениците.
2. Спортска активност во која беа вклучени ученици од VI до IX одделение.
3. Велигденска работилница „Шарање велигденски јајца“ со учениците од III одделение и презентација на тема „Гостивар – убав град“
4. Велигденска работилница-Вапсање и шарање велигденски јајца
5. Православни обичаи по повод Велигден, како и следење презентација на тема „Запознавање со градот Гостивар, местоположба, знаменитости, култура, традиции, обичаи и култура“
Активностите ги поддржа и Локалната самоуправа на град Кавадарци а претставник кој беше присутен при реализација на истите беше Петседателот на Совет на општина Кавадарци – м-р Горица Пеливанова-Вилхелм. Во 14:30 во просториите на нашето училиште беше отворен велигденски базар на кој беа промовирани и продавани рачни изработки на наставниците, учениците и родителите. Воедно се одржа и коктел со богата трпеза подготвена од вештите раце на вредните родители на кој присуствуваа учениците, наставниците и родителите. Супервизија на активностите се изврши од страна на координаторот на проектот за МИО – Ана Пискачева со останати претставници на УСАИД која со високо мислење ја оцени успешно реализираната фаза од проектот. Со овие активности јасно се утврди моќта на детскиот говор, желбата за другарство и соживот. Денешниот ден во нашето училиште беше свет без граници! Да ги следиме примерите на децата – учениците! Ќе продолжиме со зацврстување на темелите кои ги поставивме а кои значат само едно – верба во концептот за мултикултурализам!
Ви благодариме на соработката!
Посета на ООУ,, Мустафа Кемал Ататурк,, Гостивар
На ден 05.11.2015 година, четврток,ООУ „Страшо Пинџур“ – Кавадарци беше во посета на своето партнер училиште ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар, при што се реализираа втората и третата заедничка активност планирани со програмата во учебната 2014/2015 година како и оние активности кои влегуваат во програмата за оваа учебна година.Во активностите беа вклучени 34 ученици од македонска националност и 3 наставници, како и 34 ученици од турска националност и 3 наставници и тоа:
– Заеднички настап на хоровите со изведба на една македонска и две турски песни;
-Спортски игри (во мешан состав) фудбал и кошарка;
-Работилница по географија „ Вселената и Сончевиот систем“ и
-Реализација на заеднички излет на изворот на реката Вардар – Вруток
Соработката меѓу двете училишта продолжува успешно бидејќи целта не може да се оствари без двострана волја, упорност и труд за успех!
ученици
број на паралелки
наставници
година на основање
Информации за контакт
Локација: ул: ,, Димката Ангелов Габерот“ бр. 3 Кавадарци
Телефон: 043 / 410 –958
Email: strasop@hotmail.com